Во Франција вооружени лица упаднале во зградата на Министерството за внатрешни работи
Еден француски полицаец бил полесно повреден со огнено оружје денес, додека се обидувал да фати двајца мажи кои упаднале во зградата на Министерството за внатрешни работи во Париз, соопшти „Ројтерс“.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјавил дека полицаецот е изненаден од двајцата напаѓачи во текот на смената рано утринава, кога едниот од вооружените лица извадил пиштол и пукал во полицаецот.
Специјалците ја опколиле областа и трагаат по двајцата напаѓачи во предградието Пантин. Не е јасно зошто напаѓачите упаднале во зградата на Министерството за внатрешни работи, во која исто така има гаража за полициски автомобили.
Околностите околу злосторството не се јасни, но портпаролот на Министерството, истакнал дека најверојатно станува збор за грабеж.
