Во Франција ќе се воведува поголем данок за граѓаните за повластици на фирмите
Претпријатија во земјата да станат „фит“ во меѓународна конкуренција со помош на даночни олеснувања, тешки милијарди евра, ова е намерата на француската власт за иднината на работодавачите. Олеснувања до 20 милијарди евра годишно, со што индиректно треба да се намалат трошоците за работа, кои се критикувани како превисоки им вети францускиот претседател на работодавчите. За да може да ги финансира повластиците за фирмите, социјалистот Оланд има намера да го зголеми данокот на додадена вредност, да воведе нов еко-данок и да го скрати буџетот за десет милијарди евра. Со овие измени Франција ги следи препораките на човекот што таа го задолжи за проценка, поранешниот шеф на концернот ЕАДС, Луи Галоа. Галоа во својот извештај побара олеснувања за стопанството во делот на придонесите на плати во висина од околу 30 милијарди евра.
Слично
