Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Франција го забранија Uber

Во Франција го забранија Uber

Францускиот министер за внатрешни работи нареди да се забранi нискобуџетната услуга за споделено патување „UberPOP“, по вчерашниот ден и протестот на таксистите, информира „BBC“, цитирана од „Стандард њуз“.

Работникот Бернар Казнаов изјавил дека услугата е „незаконска“ и наредил на полицијата и обвинителството да наметнат забрана за нејзино постоење.

Вчера таксистите во Франција протестираа против „Uber“, како потврда дека евтината услуга ќе им го изеде лебот.

Како резултат од нередот, следелa и демонстрацијата на таксистите низ Франција, од којa ималa повредени седум полицајци, соопштија од француското Министерство за внатрешни работи. Казнаов информирал дека во масовните протести биле приведени десет лица. Нанесена е штета на 70 возила во текот на судирите во Франција.

„Целта е да се превземе просторот и да докажеме дека на нас ни е доста“, изјавил синдикалниот лидер на таксистите Карим Аснун.

Во Лион, Ница и Стразбур клиенти или возачи на „Uber“ беа нападнати. Минатата недела таксистите се претставиле како клиенти на апликацијата, за да го донесат возачот на новата услуга на изолирано место каде што десетици таксисти го уништиле неговиот автомобил.

Апликацијата тврди дека во Франција има 400 000 корисници. Демонстрантите нагласуваат дека станува збор за луѓе кои не плаќаат никакви придонеси и даноци кои не ги поминале задолжителните 250 часа за добивање на лиценца за таксист и немаат професионално осигурување.

Слично

Поврзани вести