Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во француските села со цистерни им носат вода, секое лице смее да потроши 150 литри

Во француските села со цистерни им носат вода, секое лице смее да потроши 150 литри

Дел од Франција се бори со суша, а во некои села вода се доставува со цистерни. 

Во Сејан, на јужниот дел од државата, старите камени фонтани се празни, а славините во домаќинствата работат само согласно строгото дневно ограничување и тоа благодарение на камионите – цистерни, затоа што природните извори пресушија, пренесе Јуроњуз. Нема дожд, а сите ја намалија потрошувачката на вода. Нивото на потрошената вода се проверува секоја недела со цел да се осигура дека сите домаќинства во местото го почитуваат ограничувањето од 150 литри вода по лице дневно.

„И додека поголем дел од Европа се бори со суша и рекордни температури, жители на живописно село, кои претходно полеваа градини или полнеа базени без размислување, сега мора да постапуваат сосем поинаку“, вели  градоначалникот Рене Хугот..

За водата воопшто да се достави до тоа и соседните села, мора да се транспортира од подрачја каде има доволно. Се плашат како ќе бида понатаму ако не падне дожд. Холандија исто има недостиг на вода. Италија и Шпанија се соочија со големи суши, а погодена беше и Португалија. 

Слично

Поврзани вести