Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Франција искршени 100.000 јајца во знак на протест

Во Франција искршени 100.000 јајца во знак на протест

Околу 20 француски одгледувачи на живина искршиле 100.000 јајца пред зградата на даночната управа во Бретања, во знак на протест поради ниските цени.

Одгледувачите изјавиле дека ќе продолжат со протестите на ист начин секој ден во градот Карекс-Плу. Уништените јајца претставува пет отсто од дневното производство во  северозападниот регион на Франција.

Фармерите бараат вкупното производство на јајца во земјата да се намали за пет отсто за да може да пораснат цените, јавуваат агенциите.

Француски одгледувачи на живина до недела секој ден ќе уништуваат по 100.000 јајца и се заканија дека протестите би можеле да станат порадикални.

Слично

Поврзани вести