Во Франција се појави нов сој на коронавирусот, откриен е во училиште
Нов сој на коронавирусот се појави во Франција.
Тој е откриен во едно училиште во местото Баналек во Бретања во Франција. Научниците велат дека новиот сој е поинаков од алфа, бета, делта варијантите на коронавирусот, пренесува францускиот портал Телеграм.
Засега со новиот вирус заразени се 24 луѓе, од кои 18 ученици, а вирусот прв пат се појавил пред еден месец. Поради вирусот затворени се седум од 12 одделенија.
Слично
