Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Франција опаѓа интересот за градење

Во Франција опаѓа интересот за градење
Бројот на издадени градежни дозволи, во Франција, во периодот од јуни до август, се намали за 10,2 проценти во однос на претходните три месеци, а бројот на започнати градби за 1,9 проценти, објави Министерството за екологија и одржлив развој. Само во август, падот на бројот на издадени дозволи изнесува 3,2 проценти, по намалувањето од 3,5 во јули и 3,6 во јуни, додека бројот на започнати градби во август беше помал за 1,1 проценти, по падот од 1,0 и 0,7 проценти во јули и јуни, пренесува Ројтерс. Во периодот од јуни-август на францускиот пазар започна изградбата на 78,075 објекти, што е сепак за 2,1 проценти повеќе во однос на истиот период во 2012 година.
Слично

Поврзани вести