Во Франција маж украл автомобил и со катана повредил две полицајки
Во францускиот град Шербур денеска маж облечен како нинџа, украл автомобил и со меч нападнал две полицајки.
Околу 16 часот полицијата требала да го апси мажот поради кражба на автомобил. Откако полицијата го бркала по улиците, мажот удрил во рекламна табла и застанал во близина на бензинска станица. Тој потоа со катана, јапонски самурајски меч, тргнал кон полициското возило. Ја удрил една од полицајките во брадата, а другата во главата. Третиот полицаец пукал во напаѓачот, го погодил во стомак и му задал потешки повреди, по што со хеликотер е префрлен во болница. Двете полицајки се пренесени во болница. Според информациите не се работи за терористички напад.
Слично
