Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Франција ковид сертификатите ќе важат четири месеци

Во Франција ковид сертификатите ќе важат четири месеци

Франција го намали рокот на важност на ковид сертификатите од седум на четири месеци. 

Почнувајќи од денеска на сила е новото правило. Рокот на важност на потврдата за вакцинација издадена во Франција, се намалува од седум на четири месеци, јавува француската телевизија BFMTV. Oние кои првично се вакцинирани треба да добијат засилувачка доза најмалку четири месеци по првите две дози. Досега, периодот меѓу првите две дози и дополнителната доза беше седум месеци. Се намалува рокот и за оние кои се заразиле, а потоа примиле една доза од вакцината, како и за оние кои примиле една доза од вакцината, а потоа се заразиле. Исклучок има за возрасната група 16-17 години, која не мора да прима трета доза за да ја задржи важноста на потврдата за вакцинација. Оние кои прележале коронавирус по примени две дози вакцина, се ослободени од дополнителна доза. 

Нов бран на инфекции со варијантата омикрон се движи кон источна Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација, повикувајќи ги властите да ја подобрат вакцинацијата и другите мерки.

Слично

Поврзани вести