Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Франција и заразените лекари може да доаѓаат на работа

Во Франција и заразените лекари може да доаѓаат на работа

Француските лекари заразени со ковид, смеат да одат на работа под еден услов. 

Франција им дозволи на здравствените работници кои се заразени со коронавирусот, но имаат мали или никакви симптоми, да продолжат да ги лекуваат пациентите наместо да се изолираат. АП oбјави дека ова е вонредна мерка која има за цел да го ублажи недостигот на персонал.  Посебно ослободување од правилата за карантин се воведува за вработените во болниците, домовите за стари лица, лекарските ординации и другите основни здравствени установи. Но, од француското Министерство за здравство се наведува дека, заразените работници не смеат да бидат во контакт со невакцинирани пациенти или оние кои се изложени на поголем ризик од тешки симптоми на Ковид. Франција објави 332.252 случаи на инфекција со коронаирусот за време од 24 часа. 

Слично

Поврзани вести