Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Фондот за борба против ебола собрани само четвртина од потребните средства

Во Фондот за борба против ебола собрани само четвртина од потребните средства
Обединетите нации соопштија дека од очекуваната една милијарда долари за помош на регионот во западна Африка погоден од вирусот на ебола, успеале да соберат само 25%. Исто така, недостига квалификуван медицински персонал за справување со оапсниот вирус, кој му се заканува на светот. „Од една милијарда долари, колку што бараше агенцијата на ОН задолжена за ова прашање, собрана е само една четвртина од потребните средства“, вели заменик-генералниот секретар на ОН Јан Елијасон, кој поднесе извештај за епидемијата на опасната болест. Најголеми жаришта на болеста се главните градови на Гвинеја, Либерија и на Сиера Леоне. Од ебола досега починале околу 4.000 лица, претежно во западна Африка, од кои повеќе од 200 се здравствени работници.
Слично

Поврзани вести