Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Фиџи кој не примил вакцина нема да може да работи

Во Фиџи кој не примил вакцина нема да може да работи

Во Фиџи луѓето кои не примиле вакцина нема да може да работат. 

Вакцинациите ќе бидат задолжителен услов за работа, поради што некои луѓе може да останат без работа доколку не сакаат да се имунизираат. 

Вработените во приватниот сектор треба да примат барем една доза од вакцината до 1 август, пишува Гардијан.

Фиџи има 2.460 нови случаи на коронавирус и тројца починати за 24 часа. Вкупно евидентирани се 51 смртни случаи, од кои 49 во април. Од 49, 41 лице не биле вакцинирани, а останатите осум примале една доза од вакцината. Во земјата примаат вакцини од Астра Зенека. 

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести