Во фабрика во Северодоњецк се кријат 800 луѓе меѓу кои и деца
Во украинскиот град Северодоњецк, околу 800 луѓе вклучително и деца се кријат под хемиската фабрика Азот во Луганск.
Ова го тврди Серхи Хаидаи, гувернер на регионот Луганск.
„Локалните жители најдоа засолниште во подземни скривници од советската ера“, изјави тој за Си-Ен-Ен.
Хаидаи вчера објасни дека е можно да има уште залихи на опасни хемикалии во објектот. Се смета дека во градот има уште 15.000 луѓе. Поголем дел веќе е под контрола на руските сили.
Инаку, претходно Русите ја погодија хемиската фабрика во градот, по што на жителите им беше кажано да останат во засолништата. Скоро сто дена руските и украинските војници војуваат во Украина.
Мапа покажува колкава територија држат Русите.фото Принтскрин
Слично
