Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Европа веќе почнаа да се продаваат повеќе велосипеди од автомобили

Во Европа веќе почнаа да се продаваат повеќе велосипеди од автомобили
Продажбата на велосипеди ја надмина продажбата на автомобили во 2012 година во 26 од 28-те земји членки на Европската унија , објави Би -Би-Си , повикувајќи се на организацијата која ги штити интересите на производителите на велосипеди. Само во Белгија и Луксембург бројот на продадени автомобили е поголем од оној на велосипедите . Експертите сугерираат дека трендот е условен од падот на побарувачката на автомобили како последица на кризата на европскиот континент . Конкретно, Италија сакала повеќе велосипеди за прв пат од 50 години. Во 2012 година во земјата се купени 1,6 милиони велосипеди наспроти 1,4 милиони возила. Според италијанските медиуми во 2011 година продажбата на автомобили е падната на ниво од 1964 година. Властите во Милано неодамна го најавија основањето на програма за јавни изнајмување велосипеди , направена по примерот на Париз и Лондон , во кои велосипедите навлегоа широко во јавниот транспорт . Во шпанската престолнина Мадрид властите пристапија кон создавање на т.н. " зелен прстен " - 10 километри велосипедски патеки кои ќе ги има низ целиот град. " Се повеќе луѓе ги претпочитаат велосипедите , но постојат и економски причини за овој избор " , коментира раководител на продавница за велосипеди во Португалија, Педро Карвалхо . Во 2012 година во Велика Британија се продадени речиси 3 милиони велосипеди наспроти 2 милиони автомобили . Властите во Лондон велат дека количеството на патувања со велосипед во британската престолнина за последната деценија е зголемено за 66% до 2011 година. Остануваат сепак стравувањата колку велосипедскиот транспорт е безбеден во голем мегаполис како Лондон . Само за две недели во ноември оваа година бројот на загинати во сообраќајни несреќи со велосипед по лондонските улици достигна шест лица. Земјата ќе одвои околу 150 милиони фунти до 2015 година за модернизација на патиштата , така што тие ќе станат погодни за движење со велосипед, како и за изградба на велосипедски патеки. Нови центри на велосипедски транспорт ќе станат Манчестер , Лидс , Бирмингем и др. , како и студентските Оксфорд и Кембриџ .
Слично

Поврзани вести