Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Европа стигна и колумбискиот сој на коронавирусот

Во Европа стигна и колумбискиот сој на коронавирусот

На европско тло веќе го има колумбискиот сој на коронавирусот. Тој е регистриран во Австрија, а се шири многу побрзо од другите соеви. 

Овој сој е детектиран во една пречистителна станица во близина на езерото Вертерзе, објавија надлежните органи кои вршат анализа на отпадните води. Врз основа на податоците за анализа на отпадни води, се претпоставува дека има повеќе лица заразени со колумбискиот вид во тој регион. Колумбискиот сој, се смета за мутација на која ѝ треба внимание и се следи низ целиот свет, затоа што постојат сомневања дека многу побрзо се шири од другите видови на коронавирусот. 

Од првото појавување на коронавирусот во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, тој досега мутирал безброј пати, но одделно се кристализирале дури 11 поопасни и заразни видови.

Слично

Поврзани вести