Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Европа пристигнале над милион бегалци оваа година

Во Европа пристигнале над милион бегалци оваа година
Од почетокот на годината до сега, во Европа преку Средоземно море пристигнале повеќе од половина милион бегалци. Во рок од осум месеци преку Медитеранот поминале 522 134 мигранти и бегалци, соопшти Меѓународната организација за миграции во Женева. По патот до Европа, животот го загубиле 2 892 бегалци. Според податоците, најмногу мигранти и бегалци пристигнале во Грција со 388 324 лица, па во Италија со 130 891 бегалец. Инаку, податоците покажуваат дека од 17 септември до сега, бројот на мигранти и бегалци во Европа е зголемен за 49 000 луѓе.
Слично

Поврзани вести