Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Европа поплавите однесоа 18 животи, 17.000 куќи немаат струја

Во Европа поплавите однесоа 18 животи, 17.000 куќи немаат струја

Во поплавите во Франција се удавиле четворица, а 24 се повредени, изјави денеска францускиот премиер Мануел Валс.

Со ова вкупниот број жртви од поплавите во Европа се искачи на 18. Париз е делумно поштеден, а во други делови од земјата има потешки последици од поплавите и вкупно 20.000 луѓе се евакуирани од своите домови. Околу 17.000 куќи денеска беа без електрична енергија. Прогласена ќе биде природна непогода, најави претседателот Франсоа Оланд, а осигурителните компании ја проценуваат штетата над 600 милиони евра.

Шеесетгодишна жена е пронајдена мртва во Минтагри, 120 километри јужно од Париз. Во четвртокот водите однесоа 74-годишен јавач триесетина километри од Париз, а неговиот коњ успеал да се спаси. Имало уште два смртни случаи, за кои не се соопштени детали.

Во Германија 11 луѓе се удавија.  Седум од жртвите се во Баварија, а четири во Баден-Витенберг, во југозападниот дел од земјата.

На југот од Белгија пријавена е една жртва, одгледувач на пчели.

Поплави ја зафатија и Романија, каде се удавиле двајца мажи на истокот од државата.

Слично

Поврзани вести