Во Европа коронавирусот се шири меѓу децата, а тие можат да ги загрозат постарите
Во Европа најпогодени од коронавирусот се децата.
Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа денеска објави дека најмногу пријавени случаи на коронавирусот во европскиот регион се кај децата на возраст од 5 до 14 години.
Директорот на регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека задолжителната вакцинација треба да биде последна опција. Омикрон досега е регистриран во 21 држава во Европа.
Клуге изјави дека уделот на пациенти кај децата е два до три пати поголем отколку кај возрасните, поради што е неопходно редовно проветрување, употреба на маски и тестирање во училиштата.
Вели дека како што се приближува училишниот распуст, децата ги загрозуваат своите родители, баби и дедовци дома. Има десет пати зголемен ризик за овие возрасни лица да добијат тешка форма на болеста.
Родителите треба да обрнат големо внимание на малку различни симптоми доколку се сомневаат дека нивното дете е заразено со сојот омикрон, предупредува британскиот лекар Дејвид Лојд, особено привлекувајќи внимание на, како што рече, чудниот осип на телото.
Oмикрон го има во повеќе балкански земји.
foto EPA
