Во Европа има ковид сертификати на име на Адолф Хитлер
Манипулација со ковид сертификати имало во Европа, при што неколку биле со име на познатата историска личност Адолф Хитлер.
Украдени се неколку кодови, кои се користат за креирање на европските зелени пасоши, пренесува агенцијата АНСА. Повикувајќи се на извори од Италија, агенцијата наведува дека тие укажуваат дека овие шифри сега се користат за создавање фалсификувани сертификати кои се нудат преку Интернет.
Италијанските медиуми пишуваат дека постојат два зелени пасоши на име на Адолф Хитлер, едниот со датум на раѓање 1900-та година, а другиот 1930-та. И двата имаат валиден QR код, а сајтот тврди дека овие шифри се украдени од Полска.Фото EPA-EFE/JESSICA PASQUALON
Слично
