Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во ЕУ ќе се оданочува загадувањето на животната средина?

Во ЕУ ќе се оданочува загадувањето на животната средина?
Преминот од оданочување на трудот кон оданочување на загадувачите на животната средина ќе ги подигне приходите во државната каса, покажуваат студии на ЕК Европската комисија објави две студии кои покажуваат дека политиката во областа на животната средина може да го стимулира економскиот раст. Ова може да се направи преку преминување на еколошки даноци, како и навремени инвестиции во средства за заштита од поплави, соопштуваат од прес-центарот на Европската комисија. Идејата предвидува премин од оданочување на трудот кон оданочување на загадувањето на животната средина (на пример зголемување на даноците на причините за загадување на воздухот и водата ) . Ова ќе донесе реални приходи во износ од 35 милијарди евра во 2016 година , кои ќе достигнат 101 милијарди евра во 2025 година , проценуваат експертите . Можно е приходите да бидат уште поголеми доколку се укинат субвенциите за штетни за животната средина активности. Потенцијалните приходи во 2025 година ќе се движат од малку над 1 % до малку над 2,5 % од бруто домашниот производ . "Со еколошки даночни реформи може да се зголеми двојно големината на приходите и да се создаде корист за животната средина, како и можности за намалување на даноците за вработување или за намалување на дефицитот", коментира комесарот задолжен за прашањата за животната средина Јанез Поточник при претставувањето на податоците од извештаите. Според него ова е силен аргумент за промена на сегашната ситуација. Во рамките на втората студија биле разгледани различни врски меѓу животната средина и економската политика, вклучувајќи го макроекономското влијание на поплавите. За периодот 2003 - 2013 година проценетата вкупна вредност на штетите од поплавите во ЕУ е барем 150 милијарди евра. Инвестирањето во мерки за намалување на поплавите всушност чини 6-8 пати помалку од износот на штетата. Покрај тоа инвестициите во еколошка инфраструктура, односно обновување на природни карактеристики, со цел управување и чување, се поврзани и со други бенефиции, меѓу кои се подобро конзервација на биолошката разновидност и намалување на трошоците за изградба. К.К.
Слично

Поврзани вести