Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во ЕУ има промена за ковид сертификатите

Во ЕУ има промена за ковид сертификатите

Има нови правила за патувања во ЕУ. Европската комисија (ЕУ) воведува голема промена околу ковид-сертификатите која важи од денеска. 

ЕК донесе одлука со која ќе им се овозможи на земјите членки да издаваат дигитални ковид-сертификати за прележан коронавирус врз основа на брзи антигенски тестови.

„Од денес, новите правила им дозволуваат на земјите членки да издаваат сертификати за прележан Ковид-19 врз основа на резултати од брзи антигенски тестови“, соопшти Комисијата по усвојувањето на делегиран акт со нови правила за ковид-сертификатите.

За да се осигурa веродостојноста и точноста на потврдите, употребените тестови мора да бидат на заедничката листа на ЕУ за брзи антигенски тестови, а тестирањето треба да го вршат професионални здравствени работници. 

Советот на ЕУ усвои ажурирана препорака за привремени ограничувања за патувања кои не се клучни во ЕУ и ќе важат од 1 март.  Ќе се применуваат ограничувања поради Ковид во согласност со состојбата во третата земја и индивидуалниот статус на лицето кое патува.

Членките на ЕУ треба да дозволат несуштинско патување на лицата вакцинирани со вакцини одобрени од ЕУ или Светската здравствена организација (СЗО), на оние кои закрепнале од Ковид и на сите луѓе кои патуваат од земја на листата на ЕУ, се наведува во препораката.

Се додава дека за некои од патниците може да се применат дополнителни мерки, како што е ПЦР тест пред патување.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести