Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во ЕУ има над 700 илјади слободни работни места

Во ЕУ има над 700 илјади слободни работни места
На порталот на мрежата на Европската унија за наоѓање работа, Еурес, регистрирани се голем број непополнети работни места и покрај 25,75 милиони невработени. Понудени се 725.795 слободни работни места додека во исто време без работа се 10,6 отсто од вкупниот број жители на ЕУ. Според 10-годишните прогнози на тој портал, бројот на работни места за кои е потребно ниско ниво на образование ќе се намали до 2020 година за 20 отсто. Се очекува да продолжи зголемената побарувачка за лекари, медицински сестри и негователки, експерти за информациски технологии и инженери.
Слично

Поврзани вести