Во експлозија на бомба во канцеларија загина главниот обвинител на Луганската Народна Република
Функционер назначен од Русија во Украина загина при експлозија.
Главниот обвинител на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) Сергеј Горенко во источна Украина загинал во експлозија на бомба во неговата канцеларија, јавуваат руските медиуми. Во експлозијата е убиен и неговиот заменик.
Инцидентот на Твитер го коментираше Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Елиминацијата на таканаречениот „главен обвинител на ЛНР“ и неговиот заменик треба да се сметаат за пресметка меѓу локалните организирани криминални групи при поделба на ограбениот имот или како руско отстранување на сведоци на воени злосторства. Се ќе открие истрагата“, објави Подољак.
Слично
