Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во една европска земја третина од жителите биле заразени со коронавирусот

Во една европска земја третина од жителите биле заразени со коронавирусот

Во Австрија третина од жителите биле заразени со коронавирусот. Нешто повеќе од три милиони Австријци се инфицирале со вирусот. 

Директорот на Агецијата за здравство и безбедност на храната (АГЕС), Франц Алербергер изјави дека 30 проценти од населението во Австрија било заразено со Ковид-19. Тој своите тврдења ги заснова на податоците од студијата спроведена во Ишгл, каде пред една година беше главното жариште на Ковид-19 во Австрија. Податоците за бројот на инфицирани е важен за постигнување на колективен имунитет, за што е потребно најмалку од 50 до 60 проценти од населението да се стекне со имунитет, што би овозможило нормален живот. Вакцинацијата во Австрија побавно се спроведува од планираното, а една од причините е испораката на вакцините. 

Град од Австрија оди во карантин поради ширењето на јужноафриканскиот сој на коронавирусот. 

Мајрохофен, мал град во австриската провинција Тирол, ќе биде во карантин најмалку една недела.  Сега има 42 активни случаи во општината во која живеат скоро 4.000 жители.

Слично

Поврзани вести