Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Дубаи туристките да не пријават силување, им следи затвор и мачење

Во Дубаи туристките да не пријават силување, им следи затвор и мачење

Девојка од Велика Британија која била групно силувана од двајца сонародници наместо да добие правда во Дубаи се соочила со обвинение за секс надвор од бракот што во Обединетите Арапски Емирати е забрането. 

Токму затоа здруженија за заштита на жените од Велика Британија апелираат до туристките во Дубаи да не пријавуваат силување во полиција бидејќи може да се соочат со тешки казни како што се камшикување или каменување, а неизбежно е и лежење во затвор од неколку месеци. 

Во Дубаи полицијата често добива пријави за силување кои се лажни бидејќи градот стана главна атракција за забави со атрактивните ноќни клубови, па често девојките сакаат да им се одмаздат на момчињата, а со лажни пријави се користат и проститутките. 

Токму затоа полицијата е полна со стереотипи, особено со расистички предрасуди кон странкињите за кои сметаат дека се опијаниле, па следниот ден се каат за сексот со некој маж иако често се случува навистина да бидат жртви на насилство и силување. 

Ваквите случаи ретко се истражуваат, напаѓачите бегаат од државата и им се губи трага, па целата вина паѓа на товар на жената која ќе поднесе пријава.


Слично

Поврзани вести