Во Донбас загинаа Американци
Две лица од Америка се убиени во регионот Донбас во источна Украина. Веста ја потврди Стејт департментот за ABC News. Се смета дека загинатите американски државјани се бореле со украинските сили.
Досега најмалку двајца Американци беа убиени во борбите во Украина. Стивен Забјелски (52) бил деминер и загинал кога во мај нагазил на мина во областа Запорожје. Поранешниот маринец Вили Џозеф Кенсле (22) почина во април, а деталите за неговата смрт се непознати.
foto EPA/GEORGE IVANCHENKO
