Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Донбас загина Американец

Во Донбас загина Американец

Американец загина во Украина. 

Во изјава за „Еј-би-си њуз“, загинувањето на Дејн Партриџ го потврди неговата сестра. Портпарол на Стејт департментот потврдил дека државјанин на САД загинал во источниот регион Донбас во Украина. Стејт департментот не даде детали како настапила смртта.

„Ние сме во контакт со семејството и ја обезбедуваме сета соодветна помош. Поради почит кон приватноста на семејството во ова тешко време, немаме што да додадеме“, изјави портпаролот.

Во јуни 52 годишен Американец загина во Украина. И Британци летово загинаа во Украина. Во земјата има платеници од многу странски држави. 

Слично

Поврзани вести