Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во декември во овој град сонцето сјаело само 7 минути дневно

Во декември во овој град сонцето сјаело само 7 минути дневно

Декември 2017 година за руската престолнина бил еден од најмрачните месеци во историјата. 

Жителите на Москва во декември виделе сончева светлина само 6-7 минути, потврдија руски метеоролози.

„Според опсерваторијата на Московскиот државен универзитет, Москва имала само 6 или 7 минути директна сончева светлина во декември“- рекол директорот на Руската метеоролошка служба, Роман Вилфанд.

Руската новинска агенција „Тасс“ навела дека до средината на јануари Сонцето повторно почнало да сјае над Москва подолго отколку во ноември и декември.

Претходниот декемвриски рекорд бил во 2000 година кога Москва имала само три часа директна сончева светлина.

Руските зими се многу студени, а температурата неделава во некои области паднала до минус 60 степени Целзиусови. 

Слично

Поврзани вести