Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Чиле се гради најголемата соларна електрана во светот вредна 200 милиони долари

Во Чиле се гради најголемата соларна електрана во светот вредна 200 милиони долари
Француската компанија „Total “ и швајцарската компанија „Salvador“ се подготвуваат да ја изградат најголемата електрана во светот, пренесуваат медиумите. Француската нафтена компанија „Total“ објави дека заедно со швајцарската компанија „Etrion Corporation“ ќе го реализираат проектот „Salvador“ кој подразбира изградба на најголемата соларна електрана во светот, во регионот на Атакама, Чиле. Како што пренесува францускиот весник Капитал, оваа електрана ќе завзема површина од 133 хектари, а годишното производство ќе изнесува околу 200 гигават часови. Што се однесува до сопственичката структура, швајцарскиот „Etrion“,специјализиран за соларна енергија, ќе има 70 проценти од уделот во капиталот, „Total“ 20 проценти, а 10 проценти компанијата од Чиле „Solventus Energias Renovables“. Трошоците за проектот се проценети на околу 200 милиони долари. Работите за изградба на оваа електрана би требало да започнат во текот на четвртиот квартал од тековната година, а почетокот на експлоатацијата е планиран за првиот квартал од 2015 година.
Слично

Поврзани вести