Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ЦЕЛОСНА ТАЈНОСТ БАЈДЕН СО ВОЗ ПРИСТИГНА ВО КИЕВ - рече дека Путин многу погрешил пред една година

ВО ЦЕЛОСНА ТАЈНОСТ БАЈДЕН СО ВОЗ ПРИСТИГНА ВО КИЕВ - рече дека Путин многу погрешил пред една година

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во потполна тајност со воз пристигна во Киев. 

„Њујорк тајмс“ пишува дека Бајден во Киев пристигнал со воз. Возењето од полската граница до Киев траеше неколку часа. NYT ја опишува посетата како „демонстрација на решителноста на администрацијата на Бајден“.

Посетата беше спроведена во целосна тајност од безбедносни причини, а претставници на Белата куќа со денови негираа дека Бајден планира да ја премине украинската граница.

Тој во главниот град на Украина изјави дека го посетил Киев за да ја потврди „несомнената“ поддршка за Украина и најави не само нов пакет воена помош во вредност од 500 милиони долари, туку и нови санкции против Русија.

„Додека светот се подготвува да ја одбележи првата годишнина од руската брутална инвазија на Украина, денеска сум во Киев за да се сретнам со претседателот Зеленски и да ја потврдам неговата несомнена посветеност на украинската демократија, суверенитет и територијален интегритет“, рече Бајден во соопштението на Белата куќа.

„Кога Путин ја започна инвазијата пред речиси една година, мислеше дека Украина е слаба, а Западот е поделен. Мислеше дека ќе издржи подолго од нас. Многу погреши“, рече Бајден. Во соопштението на Белата куќа се вели дека Бајден ја потврдил новата донација на воена опрема за Украина, додавајќи дека подоцна оваа недела неговата администрација „ќе објави дополнителни санкции против руските елити и компании кои се обидуваат да и помогнат на руската воена машина“.

Во своето обраќање Бајден зборуваше за издржливоста на украинската армија во моментот кога војната влегува во втората година: „Една година подоцна, Киев е сè уште тука. Украина е сè уште тука. Демократијата е сè уште таму“. Американскиот претседател се сретна со украинскиот претседател Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленски во претседателската резиденција во главниот град на Украина.

Бриџит А. Бринк, американската амбасадорка во Украина, објави фотографија од Џо Бајден и Володимир Зеленски во Киев со порака: „Добредојдовте во Киев, претседателе!“

Фото: Твитер и ЕПА насловна


Слично

Поврзани вести