Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Буча сега има два проблеми - мини и грабежи

Во Буча сега има два проблеми - мини и грабежи

Полициски час e воведен во регионот на Буча во Украина за да се спроведува деминирање и да се спречат грабежи. 

Вадим Денисенко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, информираше дека во областа околу Буча северозападно од Киев е прогласен полициски час.

„Полицијата сама нема да може да се справи, затоа работиме овде со Територијалната одбрана, локалните власти и локалното население што остана во овие области.“, рече Денисенско.

Само во регионот на Киев вчера биле деминирани повеќе од 1.500 експлозивни направи. 

Прогласен е строг полициски час во Хостомел во близина на Буча, што ќе трае се до 6 часот наутро на 14 април.

Во Буча имаше масакр на цивили, настан кој го осудија многу земји и побараа одговорност. Војната започна на 24 февруари, кога Русија ја нападна Украина. 

Слично

Поврзани вести