Во Буча се најдени 403 тела, а застрелани луѓе имало во подрум во Киев
Пронајдени се телата на 403 цивили во Буча во Украина.
Властите почнаа да извлекуваат тела од масовна гробница во близина на црквата Св. Андреј, кој минатата недела беше посетен од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Градоначалникот Анатолиј Федорук изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа, но дека бројот сè уште расте. Федорук додаде дека е премногу рано за жителите да се вратат во градот иако руските трупи се повлекоа пред две седмици.
„Пронајдени се телата на шест лица кои биле застрелани во подрум на зграда надвор од Киев, во местото Бровари“, се вели во денешното соопштение на украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова.
Злосторствата во Буча ги извршија Британците, oбвини белорускиот претседател Александар Лукашенко.
foto EPA/ NUNO VEIGA
