Во Британија еден од 25 луѓе е заразен со подваријантите на омикрон
Подваријантите на омикрон се шират низ Велика Британија.
Се проценува дека еден во 25, го има вирусот. Скоро еден во 30 лица го имал вирусот претходната недела. Порастот најмногу се должи на подваријантите на омикрон, БА.4 и БА.5, што бргу се шират.
Продолжува растот на Ковид-19 инфекции во Велика Британија, покажуваат податоците на Канцеларијата за национална статистика, јави Би-би-си. Властите повикаа луѓето, посебно оние над 75 години да примат бустер доза. Во повеќе европски земји расте бројот на заразени со коронавирусот.
foto freepik.com
Слично
