ВО БРИТАНИЈА ДОШОЛ КАКО БЕГАЛЕЦ: Уапсен е авганистански командант
Aвганистански командант е уапсен во Британија, а во земјата дошол како бегалец.
Вооружената полиција го уапси командантот на авганистанските специјални сили во хотел во Манчестер. Според извештаите тој бил таму со семејството во изолација, по евакуацијата од градот Кабул. Апсењето се случило помеѓу 31 август и 1 септември, а се верува дека командантот се уште е во притвор. Не е познато зошто е уапсен или дали е обвинет за кривично дело. Медиумите потсетуваат дека во Англија, полицијата може да задржи осомничен до 96 часа без обвинение доколку е осомничен за сериозно кривично дело, и до 14 дена ако е уапсен според законите за тероризам.
Министерството за внатрешни работи, како и Министерството за одбрана, не го коментираа овој настан.
