Во Брисел се договара идниот седумгодишен буџет на Унијата
Лидерите на земјите-членки на Европската унија денеска и утре во Брисел ќе го договараат идниот седумгодишен буџет на Унијата. Се очекуваат да имаат тешки и исцрпни дводневни состаноци во Брисел во рамки на Самитот на Европскиот совет посветен на носење на овој стартешки документ од кој зависи економското опоравување на цела Европа.Ова ќе биде втор обид за да се договори Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на ЕУ за периодот 2014-2020 година.
Претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј, во својата покана до челниците повика дека е потребно итно постигнување на договор за седумгодишниот европски буџет и изрази уверување дека таков договор е можно да се псотигне на овој Самит. Постигнувањето на договор е многу важно оти уште едно евентуално одложување уште повеќе ќе го скуси и онака кусото време за носење на 70-тина закони што се потребни за спроведување на буџетот.
На последнито ваков економски Самит на ЕС што се одржа на 22 и 23 ноември минатата година, челнциите на земјите-чланки на Унијата не успеаја да постигнат договор за Повеќегодишната финансиска рамка што е клучен документ со кој се дефинира на кои приоритети ќе се трошат европските пари и со кој се утврдуваат највисоките суми за сите буџетски ставки.
Ван Ромпуј на последниот ваков Самит предложи идниот седумгодишен буџет на ЕУ да изнесува 972 милијарди евра, што е 1,01 процент од Брутонационалниот доход (БДП) во Европската унија. Но, доколку во овој буџет се вметнат и вонбуџетските програми, како што е свемирскиот програм “Галилео” и Меѓународниот термонуклеарен експериментален реактор (ИТЕР), тогаш предлогот на претседателот на Европскиот совет се искачува до 1.011 милијарди евра, што е за 80 милијарди помалку од предлогот на Европската комисија.
А, токму претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Барозо, побара сите земји-членки и нивните претставници да постигнат полтиички договор и покрај несогласностите, посочувајќи дека европската инвестиција е витална за европската економија и интегрален елемент од растот и агендата на конкурентност. Тој побара лдиерите да најдат решение за идниот буџет на Европската унија посебно поради драматичната ситуација со 25 милиони млади невработени во Европа.
Според очекувањата, ако ги остават домашните потреби настрнаа, лидерите би можеле овие два дена да се договорат за МФФ, при што се смета дека предлогот на Ван Ромпуј од 1.011 милијарди евра за периодот од 2014 до 2020 година е добра основа, за со негова ситна мала адаптација на сите желби, конечно да се постигне договор
Слично
