Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Бразил скоро 450.000 луѓе починаа од коронавирусот

Во Бразил скоро 450.000 луѓе починаа од коронавирусот

Потврдени се речиси 450.000 смртни случаи од коронавирусот во Бразил. 

Бразил регистрираше 790 нови смртни случаи во изминатите 24 часа и уште 37.498 новозаразени, објави Министерството за здравство. Во Бразил досега се потврдени 449.858 смртни случаи од Ковид-19 и повеќе од 16 милиони ковид случаи.  Индија пак надмина над 303.000 починати. Заедно со САД, Индија и Бразил се на врвот по бројот на ковид случаи. 

Здравството во 19 земји е пред колапс поради недостиг на кислород. 

Тука спаѓаат Индија, Аргентина, Иран, Непал, Филипини, Малезија, Пакистан, Аргентина, Костарика, Еквадор и Јужна Африка. Тие важат за најранливи откако од март имаа огромно зголемување на побарувачката на кислород од најмалку 20 проценти. 

Се стравува дека Лаос е во опасност, како и некои африкански земји, вклучувајќи ги Нигерија, Етиопија, Малави и Зимбабве. 

Слично

Поврзани вести