Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во борбите во Сирија учествувале над 20.000 странци од 90 земји

Во борбите во Сирија учествувале над 20.000 странци од 90 земји

Во Сирија има околу 20.000 странски војници од 90 земји, изјавил директорот на американскиот центар за борба против тероризмот Николас Расмусен.

Странските војници пристигаат во Сирија со темпо кое до сега не е забележано во другите држави каде што се водат војни, како што е Пакистан, Иран, Јемен и Сомајлиа, изјавија од овој центар.

„Проценуваме дека меѓу странските војници најмалку 3-4 илјади доаѓаат од западните земји, како и тоа дека помеѓу нив има 150 Американци“, изјави Расмусен, пред денешното обраќање на Комитетот за внатрешна безбедност на претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Тој додал дека се поголем е бројот на оние кои се заинтересирани да се приклучат во борбите, и тоа најмногу на страна на Исламската држава во Сирија и Ирак.

Директорот на центарот за борба против тероризмот оценил дека овие податоци се „очигледни“ и „загрижувачки“.

Слично

Поврзани вести