Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во борба против насилството Уругвај ја легализира марихуаната

Во борба против насилството Уругвај ја легализира марихуаната

Уругвајскиот парламент по повеќе од 13 часа жестока дебата го одобри предлог-закон за легализирање на марихуаната, според кој владата би била надлежна за производство и дистрибуција на истата.

Предлог-законот, претставен во јуни 2012-та година е дел од борбата против насилството, а сега треба да биде разгледан во Сенатот, пренесува „BBC“.

Пратеникот Себастијан Сабини истакнал дека овој закон не промовира конзумирање на марихуана, туку истото само се регулира.

Законот ќе им дозволи на корисниците на марихуана да одгледуваат максимум шест билки или да купат максимум 40 грама марихуана од аптека.

Другата опција, според Сабини, би била корисниците да бараат марихуана на црниот пазар и да дојдат до можен контакт со супстанци што се штетни по здравјето кои предизвикуваат уште поголема зависност.

Според моменталниот закон во Уругвај, дозволено е поседување на марихуана за лична употреба, но количината која е дозволена варира.

Сабини изјавил дека од нелегалниот бизнис со дрога ги финансира организираниот криминал, трговијата со луѓе, криумчарењето на оружје и перењето пари.

Предлогот сега оди во Сенатот, каде ако помине Уругвај ќе биде првата земја во светот со легално производство, дистрибуција и продажба на марихуана за возрасните потрошувачи. Како што пренесува BBC, целта на Владата е да им ја отежни работата и да им намали заработувачката на дилерите. Купувачите на марухуаната долколку помине законот, мора да бидат постари од 18 години и заведени во посебен регистер.

Слично

Поврзани вести