Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во борба против фасификатите, поради нивна реклама затворени 132 веб портали

Во борба против фасификатите, поради нивна реклама затворени 132 веб портали
САД и европските власти затворија 132 веб-сајтови на кои рекламирала продажба на фалсификувана стока. Ова беше прва ваква заедничка акција на САД и Европа во оваа област. Акција е резултат на заедничка истрага на имиграциската и царинска служба од САД со владата на Велика Британија, Белгија, Данска, Франција, Романија и ЕВРОПОЛ, беше соопштено во Вашингтон. Во САД  се затворени 101 страници, како и 31 во Европа. Директорот на имиграциската и царинска служба од САД, Џон Мортон изјави дека овие сајтови рекламирале широк спектар на фалсификувани производи, вклучувајќи ги и спортскиот бренд Најк, компанијата за бебешка опрема  Ергобејби, како и луксузните стоки на Хермес. „ Ова не е голем проблем само за американската индустрија, туку и за индустрија во Европа и Азија и остатокот од светот. Мислам на изгубени работни места и загуби од даночните приходи“, рече Мортон. Рон Вејнрајт директорот на Европол, пак појаснува дека фалсификувањето не е "безопасен криминал без жртви." „Фалсификуваните производи можат да предизвикаат сериозни здравствени и безбедносни проблеми,  но и да ја поткопаат нашата економија“, вели Вејнрајт. Според податоците, од 2010 досега затворени се 1630 вакви веб-сајтови.
Слично

Поврзани вести