Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во бомбардирање на Торецк загинаа шест луѓе

Во бомбардирање на Торецк загинаа шест луѓе

Нови жртви има во Украина. Шест луѓе загинаа во бомбардирање на градот Торецк. 

Спасителите нашле пет тела во урнатите куќи, а едно лице загинало во болница, додаваат Украинците. На источниот дел од Украина продолжуваат тешките битки. Украинската јужна команда oбјави дека два руски проектили погодиле воена цел пред јужното пристаниште Одеса, додека друга удрила во мост преку вливот на Днестар. Четвртиот е соборен над Црното Море. Официјални лица велат дека нема жртви, а пожарот во воениот објект е под контрола. Покрај Донбас што е во фокусот на руската офанзива, утринава артилериски напади имало и во Миколаев на југот на земјата, во областите Харков на североисток и Дњепропетровск во централно-источниот дел.

„Миколаев беше ракетиран ноќеска“, изјави регионалниот гувернер Виталиј Ким за Телеграм. 

Како што вели, погодени биле автосалон и центар за продажба на земјоделска механизација. Според првичните информации во нападите нема жртви.

„Две лица загинаа во последните 24 часа во руското гранатирање на областа Харков“, изјави регионалниот гувернер, Олег Синегубов.

Во областа Днепропетровск, Русите синоќа неколку пати го нападнале Никопол, се наведува во утринскиот извештај на украинското претседателство. Притоа е рането едно лице и пренесено во болница, уништени се десетина објекти, а оштетени се болница, две локални фабрики и пристаништето. Русија ја почна војната во Украина на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести