Во близина на Либија се пронајдени 133 удавени мигранти
Бројот на телата на удавените мигранти кај брегот на Либија расте.
Ова го соопштија од меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Телата на 133 мигранти се пронајдени во рок од неколку дена по крајбрежјето на западниот либиски град Зуара. Од нив повеќето се жени, а откриени се и најмалку 5 удавени деца.
Според локалните власти, најверојатно мигрантите тргнале од блискиот град Сабри. Кај нив не се најдени никакви документи, а повеќето од телата се пред распаѓање.
Минатата недела стотици мигранти се удавија во обид да стигнат до Европа по море. Бегалците плаќаат стотици долари за место во чамците на шверцерите кои пловат од Либија кон брегот на Италија, но често бродовите не се добро опремени и се случуваат несреќи.
Патувањето од Либија кон Италија е поопасно отколку меѓу Турција и Грција, рута која претходно се користеше.
