Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во битка во Доњецк загина проруската пратеничка Марија Пирогова

Во битка во Доњецк загина проруската пратеничка Марија Пирогова

Проруската пратеничка од Доњецк, Марија Пирогова (29) загинала во украинското гранатирање, објавија руските власти. 

Таа е пратеник во Парламентот на Доњецк од 2018 година и ја претставуваше проруската страна.

Денис Пушилин, лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, објави дека Марија Пирогова е убиена во битка, пренесува „Euro Weekly News“.

„Таа беше пример за добрина. Беше навистина благородна личност. На сите им помагаше. Беше полна со енергија и таленти“, изјави по повод нејзината смрт Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донбас.

Проруските сепаратисти прогласија независност на Луганск и Доњецк уште во 2014 година. Но, рускиот претседател Владимир Путин официјално ја призна независноста на овие два региона на 21 февруари годинава. Марија дипломирала на музичката академија и била во брак со волонтерот Александар Херскулов.

Инаку, во сообраќајна несреќа во привремено окупираната источна украинска област Донецк загинаа 16 лица, а неколку се повредени, соопштија официјални и државни медиуми поддржани од Русија. Во несреќата учествувале минибус и камион, чии патници имало војници, а се случила меѓу Торез и Шахтарск, соопштија од службите за итни случаи за руската државна новинска агенција Тасс.

Слично

Поврзани вести