Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Берлин уапсен маж поврзан со атентатот на базарот

Во Берлин уапсен маж поврзан со атентатот на базарот

Во Берлин уапсен е маж во врска со атентатот на базарот. 

Уапсениот е 40-годишен Тунижанец, соопшти обвинителството

Човекот е поврзан со Анис Амри - сторителот на нападот на Божиќниот базар во Берлин. Тој е уапсен во германската престолнина, соопшти федералното обвинителство. 

Уапсениот е 40-годишен туниски државјанин и е уапсен по претрес во домот и фирмата. 

Федералното обвинителство смета дека тој може да е вмешан во атентатот од минатата недела и наведе дека неговиот број бил меѓу контактите во мобилниот телефон на Амри.

Обвинителството треба да одлучи до утре дали да биде задржан во притвор. 


Слично

Поврзани вести