Во Белгија приведоа следбеник на истакнат џихадист
Надер Хусеин одржувал врска со Рашид Касим - новото лице на теророт во Франција.
Белгиското обвинителство соопшти дека во Брисел е уапсен Надер Хусеин, следбеник на Рашид Касим.
Според меѓународните служби за борба против тероризмот, Касим е новото лице на теророт во Франција, бидејќи е инспиратор на последните напади во земјата. Се тврди дека од Сирија или Ирак, каде што се наоѓа Касим е упатен атентаторот со камион во Ница, како и извршителите на нападите кои убија католички свештеник и двајца полицајци ова лето во Франција.
Касим стоел зад организацијата на пропаднатиот обид за напад со автомобил полн со плински боци, во центарот на Париз пред неколку дена.
Хусеин е обвинет дека учествувал во активностите на вооружена терористичка група, како и дека помина подготовка за користење на оружје.
Засега не се познати можните цели на кои планирал да удри, но според историјата на електронските пораки кои испраќал, тој изјавил дека има намера да изврши атентат.
