ВО БАРСЕЛОНА НЕ РАБОТАТ НОЌНИТЕ КЛУБОВИ И КАФУЛИЊАТА: Каталонската влада донесе одлука за затворање поради Ковид-19
Сите ноќни
клубови и кафулиња во Каталонија од денеска се затворени, откако владата донесе
одлука нивната работа да прекине во наредните неколку недели, пради се поголемиот
број случаи на новозаразени со корона вирусот.
Вонредната состојба во Шпанија заврши пред еден месец, но земјата повторно е на удар на Ковид-19, па во повеќе шпански градови, меѓу кои и најпознатите светски дестинации, Барселона, Сарагоса, па и главниот град Мадрид, епидемиолошката крива повторно оди во нагорна линија.
И покрај тоа што Барселона веќе ги затвори плажите, граѓаните не ја почитуваат таа мерка. По вчерашната статистика, кога беа регистрирани 900 нови случаи на корона вирусот, Франција издаде предупредување до своите државјани да не патуваат во Каталонија, а истовремено Норвешка ја најави мерката-задолжителен карантин за сите што се враќаат од Шпанија, како високоризична земја.
