Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Бангладеш и Индија поплавите однесоа 41 жртва, меѓу нив има и деца

Во Бангладеш и Индија поплавите однесоа 41 жртва, меѓу нив има и деца

Најмалку 41 жртва има во поплавите во Бангладеш и Индија, а милиони луѓе останаа без дом. Меѓу загинатите има и деца меѓу 12 и 14 години. Некои од нив загинале при лизгање на земјиштето кон нивните куќи на ридот во пристанишниот град Читагонг, изјави за AFP полицискиот инспектор Нурул Ислам.

Училиштата сега се засолништа каде можат да се сместат жителите на селата кои беа поплавени.  Од петокот попладне молњите убиле најмалку 21 лице низ јужноазиската држава, изјавија полициски претставници за АФП.

Синоптичарите соопштија дека поплавите ќе се влошат во следните два дена со обилни дождови во Бангладеш и во североисточниот дел на Индија. Регионот Силхет сè уште се опоравуваше од најлошите поплави какви немало скоро две децении. Овие две земји често се соочуваат со природни катастрофи. 

foto AFP

Слично

Поврзани вести