Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во авионската несреќа во Муан последната бројка е 120 мртви

Во авионската несреќа во Муан последната бројка е 120 мртви

120 починати ејновиот епилог откако патнички јужнокорејски авион излета од пистата, удри во заштитниот ѕид и експлодира.

При слетување на аеродромот Муан, авион на корејската авиокомпанија Jeju Air удрил во заштитна ограда на крајот од пистата и експлодирал. Најмалку 120 луѓе загинаа од 181 во авионот, соопштија локалните власти. Спасени две лица.

Новинската агенција Јонхап ги цитираше аеродромските власти дека опремата за слетување се скршила при слетувањето, поради што авионот се излизгал од пистата, удрил во периметарскиот ѕид на аеродромот и се запалил.

Во авионот, кој се враќал од Тајланд, имало 175 патници и шест членови на екипажот. Двајца членови на екипажот кои биле во опашката на авионот се спасени. Пожарникарите се сомневаат дека ќе има уште преживеани.



Слично

Поврзани вести