Во авионот А-320 патувале 67 Германци, имало и две бебиња
На прес-конференцијата по несреќата на патничкиот авион на „ЏерманВингс“ над јужна Франција беше соопштено дека 67 Германци биле меѓу патниците. Меѓу нив има 16 ученици кои биле десет дена како размена во Шпанија.
„Имало и 16 деца и двајца наставници кои имаат поминато недела таму. Децата биле на возраст од околу 15 години и се фатиле полиња утринава", соопшти Марти Пујол, градоначалник на градот Линарс де Вайес крај Барселона, каде биле деца.
Во авионот кој патувал од Барселона патувале и две бебиња.
Пред да се урне авионот паѓал во период од осум минути. Тоа го соопштија претставниците на „ЏерманВингс“, која е сестринска фирма на Луфтханза.
Причините за инцидентот до моментов се нејасни. Техничкиот тим на Луфтханза направил проверка на авионот А-320 ден пред несреќата и тој бил исправен.
Активностите на спасувачките екипи во моментов се силно прекинати, бидејќи временските услови во регионот почнаа нагло да се влошуваат. Во реонот врне обилен снег.
Околу 300 спасувачи, 300 полицајци, десет хеликоптери и еден воен авион се мобилизирани за работа на местото на несреќата во француските Алпи.
