Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во атентат во Санкт Петерсбург загина воениот инфлуенсер Татарски

Во атентат во Санкт Петерсбург загина воениот инфлуенсер Татарски

Познатиот руски воен блогер Владлен Татарски е убиен во неделата во експлозија во кафуле во вториот по големина руски град Санкт Петербург, потврди руското Министерство за внатрешни работи.

„Во инцидентот едно лице загина. Станува збор за воениот блогер Владлен Татарски. Ранети се 16 лица“, соопшти МВР.

Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, имаше повеќе од 560.000 следбеници на Телеграм и беше еден од најпознатите воени блогери, кој често даваше критички коментари за војната на Русија во Украина.

Експлозијата, наводно, се случила во кафуле кое некогаш го поседувал Евгениј Пригожин, основачот на приватната армија Вагнер, која се бори за Русија во Украина.

Засега не се знае кој е одговорен за експлозијата.


Слично

Поврзани вести