Во Алепо примирје до среда на полноќ
Примирјето меѓу владините сили и бунтовниците во сирискиот град Алепо, продолжено за 48 часа.
Примирјето ќе трае до среда на полноќ, објави сириската војска. Ова е втор пат привремениот прекин на огнот, со посредство на САД и Русија, да се продолжува. Алепо е поделен на сектори под контрола на владата и под контрола на бунтовниците. Пред примирјето во бомбардирањата врз овој град за неколку дена загинаа скоро 300 цивили.
Слично
